Новапарк има изработено сопствено решение за контрола на пристап на паркинзи кое вклучува: рампа, екран, термален принтер за паркинг билети, камери за отчитување на регистарски таблици и баркод читач за RFID картички, баркодови на печатени билети или електронски изгенерирани преку Новапарк мобилната апликација.
Системот се користи за автоматизирање на контролата на пристап на возила до паркингот како и за автоматска наплата на паркинг билети. Со овој модул можете да спречите влез на неовластено возило или пак да овозможите автоматско отворање на рампата при влез и излез од паркингот.
Мобилната апликација дава приказ на паркинзи во ваша близина, податоци за наплата за паркинг услугите (печатен билет, електронски, СМС), приказ на слободни паркинг места, резервација на паркинг место доколку паркингот е управуван од Новапарк и GPS известување за последната паркинг локацијата на возилото.
Електронскиот паричник овозможува онлајн плаќање на паркинг услугите преку мобилен телефон. Електронскиот паричник работи со кредити, односно 1 кредит = 1 денар. Новапарк не добива платежни податоци за корисниците на услугите. Купувањето на кредити е преку е-комерц услугата на Стопанска Банка АД Скопје.
Новапарк вклучува методи на електронско плаќање преку мобилна апликација или автоматизација преку системи за препознавање на таблици и го олеснува процесот на паркирање. Зголеменот задоволство на возачите за возврат ја зголемува побарувачката за паркингот, односно приходите од истиот.
Технологијата која ја нуди Новапарк може да ги намали директните трошоци за вработување на персонал преку автоматизирање на процесите (пр. обезбедување, касиери). Новапарк исто така го максимизира користењето на паркингот затоа што кога возачите точно знаат каде треба да паркираат се намалува и непотребното возење во рамките на паркинг просторот.
Намаленото пребарување на слободно паркинг место ги намалува сообраќајните несреќи. Исто така, системот за препознавање на таблици дава точен и прецизен преглед на сите возила кои влегле или излегле од паркинг просторот.
Макаларм е добитник на грант при Јавниот повик за финансирање на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија – прв бран во Април 2018 година.
Договорот за кофинансирање е потпишан во Август 2018 година, а развојот на Новапарк започна во Септември 2017 година. Развојот на интегрираното решение од хардвер и софтвер е завршен во Мај 2020 година.
Стратешки партнер за развој на Новапарк е софтверска компанија Новапарк ДОО Скопје, додека комерцијализацијата на продуктот ќе ја води Макаларм заради долгогодишното искуство и големото портфолио на клиенти.