Макаларм е добитник на грант при Јавниот повик за финансирање на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија – прв бран во Април 2018 година.
Инсталација на рампи и пунктови за контрола на влез и излез во и од паркинг просторот.
Интегративно API за систем за препознавање на регистарски таблици со било која камера.
Ви го покажува најблискиот паркинг и ви нуди опција за резервација на паркинг место.
Онлајн плаќање на паркинг услугите преку мобилен телефон со ваучер (1 кредит = 1 денар).
Административен и контролен панел за управување со паркингот и пристап до извештаи.
Панел за преглед на зафатеност на паркингот и пристап до аналитички извештаи.
I am an ambitious workaholic, but apart from that, pretty simple person.
Интеграција со постоечка паркинг или друга опрема за техничка безбедност/контрола на пристап.
Макаларм е добитник на грант при Јавниот повик за финансирање на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија – прв бран во Април 2018 година.
Договорот за кофинансирање е потпишан во Август 2018 година, а развојот на Новапарк започна во Септември 2017 година. Развојот на интегрираното решение од хардвер и софтвер е завршен во Мај 2020 година.
Вкупниот трошок за развој на проектот изнесува 5.730.000 денари, од кои 1.719.000 денари се сопствено финансирање, додека останатиот износ од 4.011.000 денари е ко-финансирање од страна на ФИТР.
Стратешки партнер за развој на Новапарк е софтверска компанија Новакод ДОО Скопје, додека комерцијализацијата на продуктот ќе ја води Макаларм заради долгогодишното искуство и големото портфолио на клиенти.
Проектот Новапарк беше претставен во серијалот на it.mk за фирмите кои имаат ИТ решенија и кои се дел од 79-те добитници на првиот повик за грантови на ФИТР во рамките на 3-тиот столб од Планот за економски раст.