Новапарк има изработено сопствено интегрирано решение за контрола на пристап на паркинзи кое вклучува: екран, рампа, камери за отчитување на регистарски таблици и баркод читач за RFID картички и баркодови изгенерирани преку тикети или електронски изгенерирани преку мобилен телефон.
Производник на ова решение е Макаларм ДООЕЛ Скопје, компанија која има 30 години искуство во индустријата за техничка безбедност. Инсталацацијата на рампите / пунктовите вклучува:
Системот за автоматско препознавање на таблици опфаќа технологија што автоматски ги отчитува регистарските таблици, компатибилна со било која камера за видео надзор. НоваПарк го нуди овој модул како интегративно API кое може да се поврзе на постоечките системи.
Покрај идентификацијата на регистарските таблици на автомобилите, НоваПарк овозможува извршување на автоматска контрола на пристап за возачи кои имаат дозволи за паркирање, користејќи број на регистарска таблица и паметен телефон како средство за пристап.
Овој модул овозможува оперативна контрола на админситративните службеници над паркинг просторот. Со претходна најава и дадени пермисии, преку овој панел службеникот ќе може да наплаќа и валидира паркинг тикети, мануелно да дозволува пристап до паркинг просторот, креира RFID картици итн.
Административниот панел претставува софтвер кој е интегративен со понудата на рампи и пунктови на НоваПарк, или пак било кои веќе инсталирани рампи и пунктови. Овој модул е наменет за сите видови на паркинзи, приватни и јавни.
НоваПарк мобилната апликација е мултиплатформска, односно компатибилна со мобилните платформи на Android и iOS. Апликацијата овозможува регистрација на профил на крајниот корисник кој ќе содржи лични и податоци за возилото кое го користи, и ќе овозможува автоматска бесконтактна наплата на паркинг тикети преку NovaPay.
Мобилната апликација содржи и мапа од GoogleMaps, која графички ги прикажува локациите на сите паркинзи регистрирани на нашиот систем, статус на слободни места како и можност за резервација на паркинг место. НоваПарк исто така нуди и можност за помнење на поседната локација на паркирање.
NovaPay електронскиот паричник овозможува онлајн плаќање на паркинг услугите преку мобилен телефон. Електронскиот паричник работи со кредити, односно 1 (еден) NovaPay кредит е соодветен на 1 (еден) денар.
За НоваПарк, најважна е безбедноста на платежните податоци на секој корисник на НоваПарк и затоа ниту NovaPay не добива платежни податоци за корисниците на услугите. Купувањето на кредити е преку e-commerce услугата на Стопанска Банка АД Скопје, која по извршената трансакција само не известува за статусот на истата, односно дали е прифатена или одбиена.